[MK]
Со огромно задоволство Ви ја претставуваме првата образовна друштвена игра за енергетска ефикасност во Северна Македонија.
Дали знаевте дека може да се забавувате и да научите нешто ново истовремено? Сега може тоа да го направите со нашата Еко Маало игра која ќе ве научи многу нови работи п...
[MK]
Со огромно задоволство Ви ја претставуваме првата образовна друштвена игра за енергетска ефикасност во Северна Македонија.
Дали знаевте дека може да се забавувате и да научите нешто ново истовремено? Сега може тоа да го направите со нашата Еко Маало игра која ќе ве научи многу нови работи преку еден интересен и забавен начин. Се што треба да направите е да ја фрлите коцката и да се движите со пиончето според бројот на коцката.
Во нашата Еко Маало игра најважното нешто е градење на чиста животна средина, така што преку движење по улиците ќе имате можност да користите различни видови на транспорт и да ги откриете нивните маани и предности, но внимавајте, можно е и да се заглавите во сообраќајот! На патот кон Финишот, секој пат кога ќе стапнете на полето Еко Факт, вие ќе откриете нова и интересна информација за обновливи извори на енергија, и зошто е важно да внимаваме како ја користиме и трошиме електричната енергија! Нашето Еко Маало ќе ви покаже каде да се движите со цел да ја откриете важноста на заштитување на нашата животна средина, и како можеме да допринесеме за заштита на нашата планета.
На патот кон Финишот вие ќе откриете нови нешта и предизвици. Некои од полињата ќе ве придвижат напред, но некои ќе ве враќаат назад. Исто така, ќе имате можност да инвестирате во поени кои тешко се заработуваат, со цел да заштедите на енергија преку штедливи светилки, енергетско-ефикасни прозорци, сончеви панели, и изолација за домот. Патот кон вашата цел е поле со многу интеракција и забава.
Споделуваме со вас и идеја како Еко Маало може да ја играте и во домашни услови. Едноставно, само да ја нацртате платформата на поголем листа хартија или хамер доколку преферирате, обезбедите коцка и пиони, на помали листови хартија ги нацртате и картичките кои се наоѓаат во истиот фолдер и забавата може да почне.
Забава + едукација= добитна комбинација за квалитетно исполнето време дома.
[EN]
It is our great pleasure to introduce the first educational board game about energy efficiency in North Macedonia.
Did you know that at the same time you can have fun and learn something new? Now you can do all that in our Eco Neighborhood, which will teach you a lot of new things through a very interesting and fun way. All you need to do is roll the dice and move your pawn according to the dice number.
In our Eco Neighborhood the most important thing is building a clean environment, so moving through the streets you will have the opportunity to use different means of transport and find out their pros and cons, but be careful, you can get stuck in a traffic jam! On your way to the finish line, every time you step on the Eco Fact field you will find out new and interesting information about renewable energy sources, and why it’s important to wisely spend the electrical energy! Our Eco Neighborhood will show you where to move to find out the importance of protecting our environment and how we can contribute in protection of the Planet.
On the way to the finish line you will find out new things and challenges. Some of the fields will move you forward, but some will move you back. Also you will have the opportunity to invest you hard earned points in order to save energy through energy efficient light bulbs, energy efficient windows, solar panels and isolation for your home. The road to your goal is field with lots of interaction and fun.
“Eco Neighborhood” was created as a didactic material as part of the project “Education on energy”. The project was realized by Eco Logic, and was supported by the Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC).